Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чупиќ добива друштво на десната крилна позиција
Чупиќ добива друштво на десната крилна позиција

Чупиќ добива друштво на десната крилна позиција

РК Вардар го решава и прашањето околу десната крилна позиција. И во новата сезона актуелниот Европски првак ќе има респектабилна десна крилна линија, бидејќи друштво на Иван Чупиќ ќе му прави репрезентативецот на Македонија, Гоце Георгиевски.

Георгиевски во следните неколку денови треба да биде и официјално најавен како ново засилување на нашиот тим и замена за Даниил Шишкарев кој си замина од редовите на ,,црвено – црните”.

Георгиевски има 33 години. Во својата ракометна кариера има настапувано за екипите на Металург, Тулуз и ЦСМ Букурешт, каде оваа сезона го понесе признанието за најдобро десно крило во Романија.

Вардар до овој момент се засили со голманот Робин Кантегрел, левите бекови Филип Талески и Дмитри Санталов и десниот бек Томислав Јагуриновски.