Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кристопанс: Титулата со Вардар е најдобар момент за мене во кариерата
Кристопанс: Титулата со Вардар е најдобар момент за мене во кариерата

Кристопанс: Титулата со Вардар е најдобар момент за мене во кариерата

По престојот во Вардар, европската круна  следеше епизода во  Фуксе Берлин  за летонскиот џин, Даинис Кристопанс. За него  новиот предизвик во кариерата е ПСЖ, каде ќе работи со Раул Гонзалез човекот кој го донесе во Вардар. Во интевју за рускиот специјализиран сајт „Брз центар“ зборува и за деновите минати во Скопје.

Вардар ми остана должен, но Самсоненко вети дека ќе ги исплати сите долгови до крајот на годината. Се надевам дека така и ќе биде. Hајтешка беше првата сезона во Скопје. Јас бев единствен новајлија. Тимот претходно ја освои титулата во Лигата на шампионите, играше перфектно. Минатиот Ф-4 во  Келн, дефинитивно  тоа се најдобрите денови во мојот живот. Тоа е вистински живот, многу емоции на едно место што не можат да бидат опишани со зборови-вели Кристопанс.