Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Поп-Крстев: Вардар за мене е светост, нема поголема привилегија да ги браниш неговите бои
Поп-Крстев: Вардар за мене е светост, нема поголема привилегија да ги браниш неговите бои

Поп-Крстев: Вардар за мене е светост, нема поголема привилегија да ги браниш неговите бои

Дел од  Кугларскиот клуб “Вардар“ е и младиот куглар Георг Поп-Крстев. Ова момче веќе три сезони е дел од нашиот црвено-црн кугларски колектив.  Тој дојде тивко… и влезе во вардаровите легенди, пред три години беше играч кој повеќе од 2 години не кугла, но ја прифати подадената рака на тренерот Драги Димитровски  кој насети талент. Година потоа е златното вардарово момче кое во Куп финалето поентираше за злато. Сезоната потоа  беше играч со најмногу топ-6 пласмани во колата, оваа го мачеше повреда па ја пропушти во поголем дел, сепак се рехабилитираше за Купот на РМ, каде имаше најдобар скор во црвено-црниот тим. Оваа сезона во поголем дел ја пропушти поради работен ангажман во странство, сега е конечно дома во, Македонија. Ги минува последните денови во државен карантин, потоа најавува враќање во ростерот и добри партии. Додека ги минува деновите во „заробеништво“ напраивме кратко блиц интервју.

1. Да не е куглање со кој спорт би се занимавал?

-Па доколку би постоел Американски фудбал во Македонија со сигурност би се занимавал со тој спорт, но бидејќи го нема би го одбрал фудбалот.

2.Каде би сакале вашиот животен пат да ве однесе за 1 деценија?

pop2

-За 1 деценија би сакал да имам успешен интернационален бизнис, додека јас уживам на некоја плажа во тропските топли краишта, хахаха и секако титули со Вардар.

3.Најголем личен и тимски успех во вашата кариера?

-Најголем личен успех ми е златен медал на Државно првенство во тандем микс. А најголем тимски успех освојувањето на златниот медал пред 3 години во Купот со Вардар

 4.Што е потребно да се биде добар куглар?

-Многу работи се потребни да се биде добар куглар. Физичка подготвеност да се издржат сите 120 кугли, 100% концентрација за време на тренинзите и натпреварите и секако малку спортска среќа.

5.Ваше омилено место за летување? 

-Немам омилено место, би сакал да посетам што повеќе топли места и песочни плажи.

6.Омилена дестинација/земја на патување ?

-За сега би издвоил две дестинации, Гранд Турк и Курасао. Овие места ги посетив пред неполни 4 месеци и за сега ми се најомилени, но секако има уште многу дестинации за посетување.

7.Најубав подарок кој го имате добиено?

pop

-Немам омилен подарок, сите ми се подеднакво драги.

8.Од што најмногу имате страв/се плашите?

-Не знам дали може да се каже дека е страв, но ајде така да го дефинираме. Не сакам да губам и се плашам од пораз, а секој пораз е лекција за понатамошни успеси.

9. Кој е ваш идол?

-Како мој спортски идол би сакал да го издвојам Тиери Анри иако фудбалер за мене еден од најголемите спортисти.

10.Со кој најмногу се дружите од екипата ?

-Не би можел да издвојам никој посебно бидејќи после секој тренинг или секоја утакмица сите сме заедно. Дружбата е неизбежен дел од куглањето.

11. Домашна титула или настап во завршница на европски турнири со Вардар?

-Би сакал и двете но ако треба да одберам би бил скромен и би кажал прво домашна титула.

12. Омилен пијалок?

-Џин Тоник

13. Опиши го твојот тим со три збора?

-Има многу зборови како би можел да го опишам тимот, но семејство е најсоодветниот и ги опфаќа сите. Ние сме едно големи семејство.

14.Што значи за тебе името „Вардар“?

-Вардар за мене е светост. Нема поголема привилегија да ги браниш боите на Вардар во било кој спорт.

pop4

15.Кога не куглате, кој друг спорт имате желба да го гледате ?

-Ги гледам претежно сите спортови но најомилини ми се NFL и фудбал.

16. Омилена серија?

-Braking Bad, а филм Lord of The rings.

17. Летување или зимување?

-Летување според мене нема ништо поубаво од плажа, море/океан, сонце.

18.Како ги минуваш деновите во државен карантин?

-Пред се имам среќа што имам цимер па има со кого да комуницираш, играме карти, филмови, серии, фудбал. Нема нешто многу да се прави кога не ти даваат да излезеш надвор. Среќа имам уште неколку дена.

19. За крај твое очекување  за наредната сезона?

-Пред се за мене е битно да влезам во натпреварувачка форма, а моите очекувања се титула во домашното првенство, титула во купот на Македонија и успех на Европската сцена.

20. Порака за крај?

-Еден е Вардар…читајте го Вардар фанс