Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Одлични вести! ЖРК Вардар најде спонзор, вчера одржан состанок со ростерот, амбициите се титула
Одлични вести! ЖРК Вардар најде спонзор, вчера одржан состанок со ростерот, амбициите се титула

Одлични вести! ЖРК Вардар најде спонзор, вчера одржан состанок со ростерот, амбициите се титула

Добри вести ни доаѓаат од женскиот ракометен тим “Вардар“. Ситуацијата за иднината е разрешена, тимот е стабилизиран и веќе се прават планови за новата сезона.
Вчера управата на тимот заедно со првиот тренер Ристова Драгана која оваа генерација ја „испили“ уште од пионерска лига имаше кординативен состанок со дамите во СЦ “Јане Сандански“. Наговестено е продолжување на проектот, а Царчев и понатака ќе работи со голманското репрезентативно трио.

ЖРК Вардар останува да функционира, најдени се спонзори за нормално функционирање на истиот и еден мирен тек на настаните. Поголем број од играчите над 90% веќе на првиот состанок најавија продолжување на настапите за црвено-црниот тим. Подготовките за сезоната 2020/2021 ќе започнат во средината на јуни месец. Целта е висока, како и секогаш ќе се атакува на врвот, односно на титула во Македонија и Куп пехар.

Да напоменеме ЖРК Вардар има 15-сетина репрезентативки во кадетска, младинска и А-селекција.  Во моментов има пет репрезентативки од Вардар во сениорскиот тим на Македонија. Тоа се голманката Грујоска, и играчите: Седлоска, Николиќ, Џатеска и Дамјановска. Во втората екипа, составена од кадетки предводени од Анжела Платон постои уште поквалитена генерација која „ги меле“ сите противници и токму тука се гледаат многу нови репрезентативки.

Напомена: Сликата е илустрација, од почетокот на сезоната