Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пред точно една година, генер.2003 на ФК Вардар го освои Купот и стигна до двојната круна
Пред точно една година, генер.2003 на ФК Вардар го освои Купот и стигна до двојната круна

Пред точно една година, генер.2003 на ФК Вардар го освои Купот и стигна до двојната круна

На денешен ден пред точно една година, генерацијата 2003 на ФК Вардар успеа да го освои Купот на Македонија и на тој начин да стигне до двојната круна.

Оваа генерација која минатата сезона беше предводена од Филип Деспотовски, во големото финале од националниот Куп, успеа да го победи тимот на Академија Пандев. Победникот беше решен дури после изведување на удари од белата точка, откако натпреварот во регуларниот дел заврши без голови 0:0.

После пристапување на пенал серијата, Вардар се покажа како подобар и славеше со резултат 4:3. За нас погодија: Славче Живков, Грегори Давков, Георг Стојановски и  Андреј Стојчевски. Голманот Лука Стојковски имаше две одбрани.