Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Милосављев и Периќ со „емотивна“ средба
Милосављев и Периќ со „емотивна“ средба

Милосављев и Периќ со „емотивна“ средба

Дејан Милосављев пристигна во Вардар како замена за легендарниот Штербик, па иако многу сметаа дека се работи за анонимен голман и несоодветно засилување, сепак популарниот „Банда“ демантираше со своите успешни настапи.

Еден од главните виновници за неговото доаѓање во Вардар беше токму Дејан Периќ кој и во новата сезона ќе биде дел од стручниот штаб на црвено-црните. Милосављев кој настапува за Фуксе Берлин имаше емотивна средба со својот поранешен тренер. Поради ситуацијата со корона вирусот и двајцата се наоѓаат во Србија, а Милосављев не заборави колку Периќ е важен за неговиот напредок.

Тој му подари заедничка фотографија  на која пишува „За мојот ментор, тренер и животен учител“.

102648446_277617073422934_1027137791001100288_n