Откако се транформира со додавката 1961, ракометниот клуб Вардар постави нов директор и менаџер, додека во следниве денови треба да се комплетира и играчкиот кадар, односно составот со кој црвено-црните ќе настапат во новата натпреварувачка сезона.
Откако ги „покрија“ другите позиции, за Вардар остана да се донесат играчи на позициите среден и десен бек, но таму не е воопшто лесно да се најдат играчи кои би можеле да донесат квалитет во играта на се уште Европскиот Шампион. Многу имиња прокружија низ медиумите во изминативе 30 дена, многу играчи се поврзуваа со Вардар, се шпекулираше, некои од нив станаа и официјални, откако самиот Михајло Михајловски ги потврди дека се нови играчи на клубот.
Како што напоменавме за Вардар останува да се реши проблемот со бековските позиции, тука сме само добро покриени на левата позиција, додека моментално на среден и десен бек разполагаме со играчи кои доаѓаат од вториот тим на клубот. Последното име кое вчера се појави беше добро познатиот Марко Вујин, играч кој својата слава ја имаше во екипата на Кил, каде беше еден од главните алки во тимот на „зебрите“, го знаеме сите како „бомбардер“ кој ги полнеше противничките мрежи во Германија. Од Кил замина во Спортинг, каде не се изнаигра многу поради повреда, а сега неговото име се поврзува токму со Вардар, односно веќе двете страни биле во контакт за можно доаѓање на србинот во Скопје. Вујин има 36 години, не е спорно дека има големо искуство и дека може да помогне многу на Вардар кон освојување на нови трофеи. Сепак дали ќе дојде го трансфер на Вујин во Вардар, останува да видиме, одговор на ова прашање е сигурно дека ќе има во наредниве три денови.
Што се однесува до позицијата среден бек, најблиску до организатор на вардаровата игра во новата сезона, е Анте Гаџа кој настапува за ППД Загреб, а инаку поранешен ракометар на Нексе. Дури низ медиумите се прочита и името на Зарабец од Кил, чија иднина во клубот е загрозена после доаѓањето на Сагосен од екипата на ПСЖ. Дали еден од овие двајца може да биде ново засилување на Вардар, исто така ќе биде познато за многу брзо време. Со оглед дека останаа мал број слободни играчи на пазарот, Вардар мора да биде брз во обидите да го склопи тимот за новата сезона, која најверојатно ќе биде најитерсна во историјата на македонската супер лига, откако звучни имиња во своите редови донесоа екипите на Еурофарм и Металург.