По одлуката на ФФМ да стави крај на ПМФЛ и да не биде прогласен Шампион, на социјалните мрежи се појавија многу негодувања за ваквата неправедна одлука на челните луѓе во ФФМ. Првично требаше да се доигра Првата Лига, но откако неколку играчи од Шкендија и Ренова се покажаа како позитивни на корона вирусот и по најновите случувања во земјата со зголем број на новозаразени, од ФФМ реши да ја поништат сезоната. Сепак најмногу ќе загуби Вардар, кој имаше двоцифрена предност пред екипите на Силекс и Шкендија, па во еден ваков случај голема неправда ќе биде да не им биде доделена титулата.
На својот ФБ профил се јави и Саша Ќириќ, поранешен играч на ФК Вардар и репрезентативец на Македонија. Ќириќ важи за фудбалерот кој има постигнато најмногу погодоци во дресот на Вардар, во рамките на еден фудбалски шампионат. Саша е категоричен дека Вардар мора да биде прогласен за Шампион, истакнувајќи дека секоја друга одлука ќе биде срамна.
-Вардар за Шампион мора да се прогласи.. Не се еден или два бода разлика, туку се единаесет (11). Без разлика дали некој го сака или не, од спортска, па и од политичка ( ако сакате) гледна точка, Вардар тоа го заслужува. Нека оди кој сака во Европа ако Вардар не добие лиценца, ама титулата е нивна. Поштено си ја заработија Тетовче со момците. СРАМОТА !!!