Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Васоски: Сакам да им ја честитам титулата на моите фудбалери, се надевам ФФМ ќе ја исправи грешката!
Васоски: Сакам да им ја честитам титулата на моите фудбалери, се надевам ФФМ ќе ја исправи грешката!

Васоски: Сакам да им ја честитам титулата на моите фудбалери, се надевам ФФМ ќе ја исправи грешката!

Александар Васоски, предводникот на ФК Вардар, се огласи на својот Фејсбук профил. Популарниот „Тетовче“ им ја честиташе титулата на своите фудбалери, со како што вели – повеќе од заслужена. Потенцираше дека се надева на поправање на грешката на ФФМ и дека статистиката е само број.

„Сакам да им ја честитам титулата на моите фудбалери, повеќе од заслужена. Ми беше чест и задоволство да работам со вас, уживав во секој тренинг, секој натпревар. Со просек од можеби не повеќе од 22 години, тоа не прави најмлад тим што освоил титула, со огромен потенцијал на една генерација, фудбалери кои се уште го немаат кажано последниот збор. Со одличен карактер, свесни за психолошката тежина што го носи дресот на Вардар, успеавте од себе да направите победници, треба да сте горди на себе! Честитки секако и до мојот стручен штаб, нашата управа, администрацијата, до нашиот сопственик Сергеј Самсоненко и секако до најдобрите навивачи на светот „Комитите“. Се надевам дека ФФМ ќе ја исправи грешката, сепак статистиката е само број“, напиша Васоски.

102307844_2647982965441043_1230287708287401984_n