Дејан Милосављев пристигна во Вардар како замена за легендарниот Штербик, па иако многу сметаа дека се работи за анонимен голман и несоодветно засилување, сепак популарниот „Банда“ демантираше со своите успешни настапи.
Еден од главните виновници за неговото доаѓање во Вардар беше токму Дејан Периќ кој и во новата сезона ќе биде дел од стручниот штаб на црвено-црните. Милосављев кој настапува за Фуксе Берлин имаше емотивна средба со својот поранешен тренер. Поради ситуацијата со корона вирусот и двајцата се наоѓаат во Србија, а Милосављев не заборави колку Периќ е важен за неговиот напредок.
Тој му подари заедничка фотографија на која пишува „За мојот ментор, тренер и животен учител“.