Пред три дена, кугларската федерација на Македонија прогласи крај на првенството, со неодиграно едно коло беа признаени позициите пред прекинот. Па така Макпетрол дојде до новаа титула во лигата. Бидејќи веќе е офилијална истата, Ви носиме преглед на шампионите во македонската машка кугларска лига од почетоците 1992 годидина до денес. Поточно од осамостојувањето до денешен ден.
Макпетрол е неприкосновен со 20.титули, од кој 18 последователни до годинава во низа. КК Вардар е втор со пет пехари во националните првенства. Црвено-црните се први шампиони во сезоната 1992/1993 година кога се основала македонската лига. Исто така тие се и „последни“ шампиони во 2000/2001 пред хегемонијата на „пумпашите“ која трае речиси две децении. Токму во таа сезона настапува за Вардар, Дарко Димитровски еден од тројцата кој го возобновува ова име на македонската кугларска мапа, заедно со брат му Димитар и татко му, (Драги). Формиран е пред шест години, Вардар 2014 тим кој го зазема местото на црвено-црните во СД Вардар. Исто така од 2014 дел од црвено-црните е уште еден долгогодишен вардарец кој има пехари со вардаровиот тим, Миле Димовски.