Вардар мисли и на својата иднина. Младиот и супер талентиран чувар на мрежата на ,,црвено – црните”, Марко Кизиќ, кој оваа сезона имаше блескави настапи во Вардаровиот дрес и ја воодушевуваше публиката, официјално, потпиша нов едногодишен договор со нашиот тим.
Кизиќ останува во Скопје и Вардар и во новата сезона, па заедно со Борко Ристовски и Робин Кантегрел ќе ја сочинуваат ударната ,,тројка” која ќе биде задолжена да го брани голот на ,,црвено – црните”.
Вардар досега ги потврди Јагуриновски, Кантегрел, Талески, Георгиевски и Гаџа.
Во следниот период ќе има уште нови имиња.