Monday ,13 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ракометен ,,џин” доаѓа во Вардар!!
Ракометен ,,џин” доаѓа во Вардар!!

Ракометен ,,џин” доаѓа во Вардар!!

Откако вчера беше потврдено дека Анте Гаџа е нов ракометар на Вардар, денеска продолжува преселбата од таборот на ППД Загреб во Вардар. Ново име кое го засилува актуелниот Европски шампион е десниот бек Јосип Векиќ.

Се работи за млад ракометар, 22 годишен кој има дури 210 сантиметри и е тежок 100 килограми. Векиќ играше во Загреб во првата полусезона во Лигата на шампионите и постигна три погодоци (два против Пик Сегед и еден против ПСЖ), а вториот дел го мина на позајмица во Дубрава.

За очекување е Вардар да донесе уште еден десен бек, бидејќи во овој момент ги има младите Јагуриновски и сега веќе Векиќ на десната бековска линија.

Вардар досега го засилија Кантегрел, Талески, Георгиевски, Јагуриновски и Гаџа.