Откако вчера беше потврдено дека Анте Гаџа е нов ракометар на Вардар, денеска продолжува преселбата од таборот на ППД Загреб во Вардар. Ново име кое го засилува актуелниот Европски шампион е десниот бек Јосип Векиќ. Се работи за млад ракометар, 22 годишен кој има дури 210 сантиметри и е тежок 100 килограми.
Векиќ пред се е специјалист за одбрана, но со својата големина секако дека може да помогне и во нападите на Вардар. Запознајте се со одбрамбените квалитети на нашиот нов играч преку видео материјалите.
Видеа: