Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.пионери на ФК Вардар беа на добар пат да ја освојат лигата, истата не го дочека својот крај поради корона вирусот
Пом.пионери на ФК Вардар беа на добар пат да ја освојат лигата, истата не го дочека својот крај поради корона вирусот

Пом.пионери на ФК Вардар беа на добар пат да ја освојат лигата, истата не го дочека својот крај поради корона вирусот

За жал не го дочекавме крајот на младинските фудбалски лиги во натпреварувачката 2019/20 сезона. Поради пандемијата со корона вирусот, младинските лиги беа прекинати после 16 одиграни натпревари, односно после само две одиграни пролетни кола. Генерацијата 2004 на ФК Вардар имаше можност да дебитира сезонава во помладата пионерска супер лига и беше на добар пат да ја освои шампионската титула. Сепак, најверојатно нема да бидат прогласени шампиони во првенството на младинските категории, каде требаше да се одиграат вкупно 27 кола.

Избраниците на Рап-Тап беа на првото место на табелата со вкупно 40 освоени бодови, или шест повеќе од тимот на Шкендија кој беше на втората позиција. Помладите пионери на Вардар беа единствената екипа во младинските лиги кои незнаеа за пораз ниту после 16 одиграни меча. Имавме скор од 12 победи, 4 нерешени резултати и како што напоменавме ниту еден пораз.

200421

Единствено екипите на Шкендија, Њу Старс, Шкупи и Работнички успеаа да ни одземат бодови. Можеме да се пофалиме со податокот дека го имавме најдобриот напад со 56 постигнати голови, како и најдобрата одбрана со само 9 примени погодоци.

Ова се сите постигнати резултати на помладите пионери во сезоната која не го дочека својот крај: 

1 коло:Победа – Вардар 0:3

2 коло: Вардар – Шкендија  2:2

3 коло: Пелистер – Вардар  2:4

4 коло: Вардар – Шкупи  7:0

5 коло: Работнички – Вардар  1:1

6 коло: Вардар – Еуроспорт  4:0

7 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар  0:7

8 коло: Њу Старс – Вардар  2:2

9 коло: Вардар – Акад. Пандев  2:0

10 коло: Вардар – Победа  6:0

11 коло: Шкендија - Вардар  1:3

12 коло: Вардар – Пелистер  3:0

13 коло: Шкупи – Вардар  0:0

14 коло: Вардар – Работнички  2:0

15 коло: Еуроспорт – Вардар  0:6

16 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П  4:1

Успеавме да се пласираме во полуфиналето на Купот, каде за противник ќе го имавме тимот на Работнички. Сепак и во ова натпреварување нема да има победник. Претходно ги елиминиравме екипите на Милано и Победа.

1/8: Вардар – Милано  2:0

1/4 прв меч: Вардар – Победа  2:1

1/4 втор меч: Победа – Вардар 1:4