Официјалната страна на РК Вардар му посака добредојде на новиот голман. Се работи за францускиот интернационалец, Робин Кантегрел, кој доаѓа од екипата на Сесон Рен.
Сопственикот Михајло Михајловски пред извесно време го потврди неговиот трансфер во Вардар, а Кантегрел е првиот франузин во историјата на Вардар. Тој заедно со Борко Ристовски и Марко Кизиќ кој вчера потпиша нов договор, во новата сезона ќе го сочинуваат голманскиот тандем на Европскиот Шампион.