Европската ракометна федерација напраци анкета, на која фановите имаа можност да гласаат за најдобар завршен турнир, во машката и женската лига на Шампиони.
Во конкуренција се најдоа вкупно 16 Ф4 турнири, од кои десет во машка и шест во женска конкуренција. Како победник излезе завршниот турнир од минатата година во Келн, кога Вардар по втор пат успеа да ја освои Европската титула. Според фановите ова бил најинтересниот завршен турнир. Во полуфиналето, најпрво Вардар после голем пресврт го победи тимот на Барселона, додека во големото финале ја „преслуша“ и екипата на Веспрем.
Конкуренција во финалето на минатогодишниот Ф4 беше женскиот завршен турнир во Будимпешта од 2018 година, кога после голема борба и две продолженија, екипата на Ѓер успеа да го победи нашиот Вардар.