Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гаџа потврди дека доаѓа во Вардар
Гаџа потврди дека доаѓа во Вардар

Гаџа потврди дека доаѓа во Вардар

ВАРДАР ФАНС најави пред два дена, а сега стана и јасно откако и самиот ракометар потврди во интервју за хрватските медиуми дека доаѓа во редовите на РК Вардар.

„Вардар по заминувањето на Сташ Скубе бараше некој на моја позиција. Се јавија кај мојот менаџер кој ме праша дали сакам да потпишам со нив и јас прифатив. Кажав дека би сакал да играм за нив затоа што се Европски шампиони и тоа е чекор напред во мојата кариера. Се надевам дека Вардар ќе биде пак оној стариот. Многу ракометари останаа и ги продолжија договорите, па така се надевам на успешна сезона и дека ќе ги исполниме целите на новиот газда“, изјави Гаџа за 24Сата.

Гаџа постигна 40 погодоци во Лигата на шампионите оваа сезона, што е знак дека се работи за квалитетен ракометар.