Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар не се откажува, Гаџа наскоро ,,црвено – црн”
Вардар не се откажува, Гаџа наскоро ,,црвено – црн”

Вардар не се откажува, Гаџа наскоро ,,црвено – црн”

Хрватскиот ракометар Анте Гаџа беше најавен како најново засилување на скопските ,,црвено – црни”, но од тоа сеуште нема ништо бидејќи организаторот на играта има сеуште важечки договор со ППД Загреб.

Според информациите до кои дојде Вардар Фанс, се тие дека актулениот Европски шампион секако знаел за тоа дека Гаџа има сеуште активен договор со ППД Загреб, но и дека се подготвени да ја платат откупната клаузула за и официјално играчот да може да пристигне во Скопје. Скоро сите детали се договорени на релација ,,Вардар – Гаџа”, па прашање на време е кога Вардар ќе ја активира откупната клаузула на овој одличен организатор на нападите.

Гаџа постигна 40 погодоци во Лигата на шампионите оваа сезона.