Monday ,07 April 2025
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > На денешен ден 2019: КК Вардар М12 дојде до титулата, Водно Санс немоќен
На денешен ден 2019: КК Вардар М12 дојде до титулата, Водно Санс немоќен

На денешен ден 2019: КК Вардар М12 дојде до титулата, Водно Санс немоќен

На денешен ден лани, во 2019 година по окончувањата на поголем дел од спортските настани на вардаровите екипи ни останаа само кошаркарските возбудувања. Најмладите вардарци не изненадија позитивно, во веста сме донеле:

Најмладите пионери на кошаркарскиот клуб Вардар, генерација родени 2007 и помали се шампиони на Македонија. Тие го совладаа во големото финале тимот на Водно Санс.

0000000-2

На мечот кој се играше во малата сала при СЦ “Кале„ во Скопје црвено-црните момци во супер интересен дуел ги совладаа своите врсници. Цела сезона нашата екипа го заврши без ниеден пораз и заслужено стана првак. Момците на Александар Асаданов победија со 60-55.

Покрај колективното злато ние го имавме и најкорисниот играч на Ф-4 завршницата. МВП е вардарецот Доријан Ивановски-Дори, честитки до него и целиот тим за перфектната сезона.