Екипата на КК Вардар овој летен преоден рок остана без двајца важни кошаркари, станува збор за Дамјан Робев и Славчо Темелковски. Црвено-црните тргнаа во градење на тимот за новата сезона 2020/2021.
Она што радува е декa клубот успеа да го задржи Џуниус Провел, еден од најдобрите кошаркари кои ги имал Вардар во својата историја. Покрај тоа го вратија и Лефкоски, кој по трет пат во својата кариера ќе го облече дресот на Вардар. За тиот од СРЦ „Кале“ тој играше од 2010-2014 година и потоа во сезоната 2016/17.