Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Листа на стрелци кај пом.пионери, Бесар Гуџуфи заврши како прв во Вардар и втор во лигата
Листа на стрелци кај пом.пионери, Бесар Гуџуфи заврши како прв во Вардар и втор во лигата

Листа на стрелци кај пом.пионери, Бесар Гуџуфи заврши како прв во Вардар и втор во лигата

Генерацијата 2004 на ФК Вардар беше на добар пат да стане Шампион на Македонија, во својата дебитантска сезона во рамките на помладата пионерска супер лига. Сезоната беше прекината само после одиграни 16 кола, а ФФМ одлучи да не прогласува шампиони во младинските натпреварувања. Вардар освои вкупно 40 бодови, додека постигнавме 56 голови, што беше и најдобар напад во лигата.

Најдобар стрелец на помладите пионери е Бесар Гуџуфи кој постигна вкупно 26 голови. Нашиот напаѓач со 23 погодоци заврши на второто место на листата на најдобри стрелци во лигата. Ова се сите играчи кои ги постигнаа сите 56 голови во лигата и 8 во националниот Куп.

1. Бесар Гуџуфи  26

2. Левент Ибраим  13

3. Игор Јаневски  4

4. Димитар Стоимов, Горазд Попов и Теодор Перковски по 3

5. Стефан Стојановски и Георг Стојановски по 2

6. Марио Ричков, Никола Павлески, Давид Љушев, Лука Ивановски, Талха Идризи, Исмет Хајдари, Сандро Каровски и Никола Величковски по 1 гол.