Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го чека Зарабец, во игра и Јотиќ
Вардар го чека Зарабец, во игра и Јотиќ

Вардар го чека Зарабец, во игра и Јотиќ

Новата управа на Вардар полека но сигурно го комплетира ростерот за новата натпреварувачка сезона. Тренерот на РК Вардар, Алушовски до овој момент доби осум засилувања, а во игра се уште две нови имиња, посебно она на позицијата среден бек, каде што Вардарци силно го посакуваат Миха Зарабец од Кил, за да биде најзвучно засилување во овој летен преоден рок.

Ситуацијата во овој момент е таква какво што е. Зарабец има договор со ,,црвено – црните” но и има важечки договор со Кил, па за да дојде во Вардар треба да се случи една работа, а таа е – Кил да му ја намали платата. Значи, шанси во овој момент да го видиме Миха во ,,црвено – црниот” дрес има, а ќе се знае и многу наскоро.

Доколку не се случи ништо од трансферот на овој играч во Вардар, тогаш одлуката паѓа на Ловро Јотиќ. Хрватот заедно со Алушовски соработуваа во Еурофарм Пелистер каде Алушовски бил ептен задоволен од играта на овој играч, па нема да биде ништо чудно ако добиеме и втор организатор на нападите од Хрватска (по Анте Гаџа).

И за третиот, за миленикот на навивачите, Игор Карачиќ. Дефинитивно за кам-бекот на Карачиќ ќе почекаме. Кара ги известил во Вардар дека Келце смета на него и во новата сезона, па пропаѓа можноста да се врати во Скопје и во Вардар засега.