По менување на структурата во ЖРК Вардар и неговото осамостојување, кај сениорскиот состав замина пет девојки кои ќе бараат нов ангажман или веќе најдоа. Станува збор за: Николиќ, Божиновска, Коларовска, Седлоска и Грозданоска, покрај нив од активно играње ракомет се одкажа и Гоцевска на која нема да се смета во иднина. Кај младите девојки од досегашниот пионерски тим ситуцијата е доста различна.
„Лавиците“ кои дојдоа до двојна круна изминатата сезона, односно се „крунисаа“ во пионерската и кадетската лига, а сезонава која беше прекината беа лидери во двете конкуренции нема промени. Сите девојки, засега најавуват останување. Ростерот во целост е зачуван на оваа брилијантна екипа, истата ќе ја раководи и понатака Анжела Платон.
Таа ја создаде и ја селектираше, создавајќи на само нејзин начин еден тим кој игра колективно, се е ставено во фунција на колективниот успех, филозофија која се покажа како успешна. Па не чуди и фактот што сите девојки остануваат лојални на екипата и понатака. Асистент ќе биде Марија Папуџиева, овој тренерски тандем беше дел од сите успеси на тимот во домашната конкуренција, но и на меѓународните турнири.
Во идната сезона како што најавија од РФМ, пионерската лига ќе биде за девојки родени до 2006, а кадетската за дами родени до 2004. Па така овој тим ќе се натпреварува во кадетска конкуренција според возраста на играчите. Дали ќе добијат шанса во младинска тоа останува на одлуката на тимот, бидејќи и поголем дел од првиот тим има право да настапува во највозрасната младинска конкуренција.
Постои шанса дел од овој тим да добие прилика и во Супер лигата, сепак останува времето кое е пред нас да покаже како менаџерскиот тим, заедно со стручната фела во ЖРК Вардар ќе ги постават работите за следната сезона, 2020/2021 во македонскиот женски ракомет.