Вардар ќе биде носител при извлекување на ждрепката за групите во Лигата на Шампионите. Противниците на Вардар во групата ќе бидат познати на 1.јули, а ЕХФ денес ги одреди шеширите во кои ќе бидат сместени екипите. Вардар како носител се најде во првиот шешир, заедно со екипите на Барселона, ПСЖ, Барселона и Веспрем.
ПРВ ШЕШИР: Вардар (Македонија), ПСЖ (Франција), Веспрем (Унгарија), Барселона (Шпанија).
ВТОР ШЕШИР: Кил (Германија), Келце (Полска), Алборг (Данска), Порто (Португалија).
ТРЕТ ШЕШИР: Мешков Брест (Белорусија), Мотор Запорожје (Украина), Нант (Франција), Пик Сегед (Унгарија).
ЧЕТВРТИ ШЕШИР: Целје (Словенија), ППД Загреб (Хрватска), Елверум (Норвешка), Флензбург (Германија).
Новата натпреварувачка сезона во ЛШ треба да стартува на 16 или 17.септември.