Sunday ,08 June 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕА) Погодоци на Валчак, новиот кружен напаѓач на Вардар
(ВИДЕА) Погодоци на Валчак, новиот кружен напаѓач на Вардар

(ВИДЕА) Погодоци на Валчак, новиот кружен напаѓач на Вардар

Македонскиот и европски ракометен првак Вардар се засили со осмото ново име во своите редови. Патрик Валчак од Полска е новиот кружен напаѓач на ,,црвено – црните” кој доаѓа во Скопје да ја дели минутажата со Стоилов и Калараш во нападот, но и да придонесе за поуспешна одбрана на својот нов тим.

Валчак има 27 години, во својата ракометна кариера има настапувано за екипите на Либек, Есон, Келце, Погон и Гдањск, а за репрезентацијата на Полска има забележано 39 натпревари и 27 постигнати погодоци.

,,Вардар Фанс” дојде до две видеа. Да се запознаеме малку подобро со Патрик Валчак: