Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Валчак: Не размислував многу долго за понудата, ќе биде одлично искуство!
Валчак: Не размислував многу долго за понудата, ќе биде одлично искуство!

Валчак: Не размислував многу долго за понудата, ќе биде одлично искуство!

Македонскиот и европски ракометен првак Вардар се засили со осмото ново име во своите редови. Патрик Валчак од Полска е новиот кружен напаѓач на ,,црвено – црните” кој доаѓа во Скопје да ја дели минутажата со Стоилов и Калараш во нападот, но и да придонесе за поуспешна одбрана на својот нов тим.

Валчак за „Спортове Факти“ открива интересни детали:

„Не размислував многу долго за понудата од Скопје. Тоа е клуб што игра во Лигата на шампионите, во СЕХА – лига и има одлични играчи како Тимур Дибиров и Марко Вујин. Ќе има многу шанси за докажување, ќе биде одлично искуство. Пред пандемијата, разговарав со клубови од Бундес лигата, но коронавирусот парализираше се. Вардар беше заинтересиран за соработка и на крајот се договоривме. Не се грижам за финансиите, уверен сум дека се ќе биде како што треба“, изјави Валчак.

Валчак потпишува договор во важност од една година, со опција истиот да биде продолжен на уште една сезона.