Thursday ,06 August 2020
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Георг Стојановски го дели првото место на листата на најдобри стрелци, во прекинатата сезона на пионерската лига
Георг Стојановски го дели првото место на листата на најдобри стрелци, во прекинатата сезона на пионерската лига

Георг Стојановски го дели првото место на листата на најдобри стрелци, во прекинатата сезона на пионерската лига

Нема прогласување на Шампиони во младинските фудбалски лиги за оваа сезона, која беше прекината поради пандемијата со корона вирусот. Оваа генерација на Вардар одигра само 16 натпревари, на кои оствари 12 победи, 1 нерешен резултат и 3 порази. Постигнавме вкупно 53 голови во Лигата, како и 11 во Купот, каде се пласиравме во полуфиналето, но и овие мечеви нема да се доиграат.

И оваа сезона најдобар стрелец за генерацијата 2003 е Георг Стојановски кој постигна вкупно 23 голови. Нашиот напаѓач ја дели и првата позиција на најдобри стрелци во пионерската лига, заедно со Беким Алимоски ) Победа). Ова се сите играчи од Вардар кои ги постигнаа сите 64 погодоци во прекинатата сезона.

1. Георг Стојановски  23

2. Антонио Мирков  12

3. Андреј Стојчевски  7

4. Петар Давидовски  5

5. Петре Тасевски и Славче Живков по 4

5. Дарио Јовановски и Алек Сељанац по 3

7. Лео Андрески, Грегори Давков и Алек Саит по 1 гол.