Русиот бек , Александер Деревен кој со РК Вардар се искачи на пиедесталот во Клен во 2017 година, во интервју за руските медиуми зборуваше за времето минато во Скопје. Членот на „Зборнаја„ кој сега игра во матичната земја потоа го опиша патот до успехот и до првата црвено-црна европска круна:
Лесно се адапирав во Скопје, за тоа многу ми помогнаа моите сонародници кои беа пред мене таму. Каков проблем и да имав, истиот лесно се решаваше. Како дојдовме до титулата во Келн? Тоа подобро да го прашате тренерот Раул Гонзалез. Кога пристигнавме во Германија многу новинари тврдена дека тоа е нашиот максимум, не можеа да сфатат како всушност ние стигнавме до тука. За нас го четвртото место, веднаш кога се пласиравме. Гонзалез ни велеше дека го имаме најдобриот состав, дека мора да ги победиме сите.Постојано ни го повторуваше тоа, за да ни влезе во главите. Ние верувавме кога пристигнавме во Келн, дека сме дојдени за пехар-вели Деревен.