Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар Јуниор „мигрира” во РК Работнички, целта е младите вардарци да настапуваат во Супер лигата
Вардар Јуниор „мигрира” во РК Работнички, целта е младите вардарци да настапуваат во Супер лигата

Вардар Јуниор „мигрира” во РК Работнички, целта е младите вардарци да настапуваат во Супер лигата

PK Pаботнички  доби сериозно засилување во играчки и тренерски кадар од европскиот првак Вардар. Според меѓусебниот договорот, следната сезона Работнички ќе биде филијала на вардарци.  Во овој тим ќе се преселат оние играчи кои нема да изборат место во првиот тим, па со Работнички ќе играат суперлигашки ракомер.

Поголем дел од Вардар јуниор заедно со тренерот Стојан Петрушевски и помошникот  Пепи Манасков ќе бидат дел од Работнички. Покрај нив и дузина   ракометари ќе минат во тој тим, тие ќе се изградуваат како ракометари со настап во најсилната македонска конкуренција. Според најавите екипата би требало да биде домаќин во СЦ „Јане Сандански“.