РК Вардар денеска потпиша нов договор со уште еден млад и талентиран ракометар. Се работи за десното крило Ален Ќосевски кој останува верен на ,,црвено – црните” до 2022 година.
Ќосевски изминатата сезона добиваше шанса и за првиот тим на Вардар, а беше еден од најдобрите во вториот тим на клубот. Во новата сезона младиот играч ќе учи од постарите колеги, Иван Чупиќ и Гоце Георгиевски.
Покрај Ќосевски, Вардар ги продолжи соработките и со младите Стефан Крстевски, Давид Гашовски, Стефан Атанасовски, Марко Кизиќ и Мартин Карапалевски.