Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Азер Омерагиќ е најдобар стрелец во кадетската Супер лига
Азер Омерагиќ е најдобар стрелец во кадетската Супер лига

Азер Омерагиќ е најдобар стрелец во кадетската Супер лига

Сезоната во младинските лиги не го дочека својот крај, а кадетите на ФК Вардар после 16 одиграни кола беа на првото место на табелата со 35 освоени бодови, или три повеќе од екипата на Шкендија. Нашите млади надежи имаа скор од 11 победи, 2 нерешени резултати и 3 порази. Го имавме и најдобриот напад во лигата со 41 постигнат гол, додека во двете натпреварувања постигнавме вкупно 47 погодоци.

Најдобар стрелец за кадетите е Азер Омерагиќ со вкупно 13 голови, со кои се промовира и во најдобар стрелец во кадетската лига, а ова се сите играчи кои се запишаа во листата на стрелци, во лигата и купот за Вардар.

1. Азер Омерагиќ  13

2. Леонид Игнатов  8

3. Абдула Хасани, Фисник Салиу,  Филип Андоновски, Харбин Речица, Мартин Радуловиќ-Величковиќ, Виктор Крстевски и Георг Стојановски по 3 гола

4. Атом Фазлиу и Петар Гугуљанов по 2 гола

5. Александар Ѓурковски 1 гол.