Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ќосевски го продолжи договорот со Вардар до 2022 година
Ќосевски го продолжи договорот со Вардар до 2022 година

Ќосевски го продолжи договорот со Вардар до 2022 година

РК Вардар денеска потпиша нов договор со уште еден млад и талентиран ракометар. Се работи за десното крило Ален Ќосевски кој останува верен на ,,црвено – црните” до 2022 година.

Ќосевски изминатата сезона добиваше шанса и за првиот тим на Вардар, а беше еден од најдобрите во вториот тим на клубот. Во новата сезона младиот играч ќе учи од постарите колеги, Иван Чупиќ и Гоце Георгиевски.

Покрај Ќосевски, Вардар ги продолжи соработките и со младите Стефан Крстевски, Давид Гашовски, Стефан Атанасовски, Марко Кизиќ и Мартин Карапалевски.