Новата натпреварувачка сезона во Лигата на Шампионите ќе ја отвориме со натпревар против екипата на Брест Мешков. Вчера во Виена се одржа ждрепката, по која се познати противниците на црвено-црните во групната фаза. Со голем дел од противниите добро се познаваме, со оглед дека сме играле заедно во група и во претходните сезони. Една од нив е токму Брест Мешков, а нивниот стратег, шпанецот Алонсо, даде свое видување за противниците на неговиот тим во рамките на групата А.
-Беше јасно дека нема шанси да добиеме лесна група. Сите 16 екипи се силни. Не размислував кои екипи ќе ни се паднат, сакав да уживам во ждрепката. ПСЖ, Фленсбург, ПИК Сегед и Келце се екипите кои имаат големо европско искуство, Вардар е различен од лани, ама уште го има „костурот“. Ќе биде интересно да се игра против „новиот“ Вардар. Порто го знаеме од лани и знаеме што може да очекуваме на тие наптревари. Мора да го дадеме најдоброто од себе од прва до последна минута“,
Сезоната ќе стартува на 17 или 17.септември.