Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Што ,,испазари” Вардар ова лето!?
Што ,,испазари” Вардар ова лето!?

Што ,,испазари” Вардар ова лето!?

Сеуште актуелниот Европски првак, тимот на Вардар го комплетираше ростерот на играчи за новата натпреварувачка сезона која започнува во септември месец.

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски ги доби оние засилувања кои и ги посакуваше. Доби играчи со кои соработувал во минатото, но доби и македонски репрезентативци кои исто така силно ги посакуваше во Вардар, а тие се Филип Талески и Гоце Георгиевски.

Во РК Вардар ова лето дојдоа девет нови имиња. Неколку искусни, проверени играчи, но и неколку млади кои пред се ќе треба да се докажуваат во ,,црвено – црните” бои и да ја оправдаат укажаната довербата да играат во тимот на Европскиот шампион.

Нови играчи на РК Вардар се:

Робин Кантегрел (голман)
Филип Талески (лев бек)
Анте Гаџа (среден бек)
Ловро Јотиќ (среден бек)
Марко Вујин (десен бек)
Јосип Векиќ (десен бек)
Томислав Јагуриновски (десен бек)
Патрик Валчак (кружен напаѓач)
Гоце Георгиевски (десно крило)

Им посакуваме успех и многу титули со Вардар на новите играчи.