Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалез: Долго време не сум бил во Македонија, очекувам добар прием од вардаровите навивачи
Гонзалез: Долго време не сум бил во Македонија, очекувам добар прием од вардаровите навивачи

Гонзалез: Долго време не сум бил во Македонија, очекувам добар прием од вардаровите навивачи

Вардар ги доби своите противници во Лигата на Шампионите, а ждрепката сакаше во Скопје да пристигнат и поранешни членови на Вардар. Еден од нив е секако, Раул Гонзалез, тренерот со кој во 2017 година за прв пат ја освоивме Европската титула. После заминувањето од Вардар, Раул го превзеде тимот на ПСЖ, кој во новата сезона ќе биде дел од нашата група.

Ова ќе биде прво соочување на Гонзалез против Вардар, па секако дека тој момент ќе биде специјален за шпанскиот стручњак.

-Долго време не сум бил во Македонија. Па ќе имам шанса да се видам со некои од моите пријатели“, вели Шпанецот за „ПСЖ ТВ“. „Тоа ќе биде специјален момент за мене. Тоа воедно ќе биде и прв пат да играм против мојот поранешен тим. Очекувам добар прием од навивачите. Тие се едни од најдобрите на светот, секогаш се со својот тим и секогаш е многу тешко да се победи таму“ изјави Гонзалез.