Екипата на Вардар во периодот од 21-23 август ќе земе учество на турнирот „Кањижа Куп“ на кој ќе настапат уште и екипите на Пик Сегед и Нексе.
Стартот на подготовките е закажан за на 18.јули. Вардар во новата сезона ќе биде засилен со Робин Кантегрел (голман), Филип Талески (лев бек), Анте Гаџа (среден бек), Ловро Јотиќ (среден бек,) Марко Вујин (десен бек), Јосип Векиќ (десен бек) Томислав Јагуриновски (десен бек), Патрик Валчак (кружен напаѓач) и Гоце Георгиевски (десно крило).
Новата сезона во ЛШ стартува на 16 или 17.септември, додека претходно, Вардар треба да го одигра реванш мечот од 1/4 финалето во СЕХА, како и завршниот турнир во ова натпреварување.