Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тоскиќ: Жалам што заминав од Вардар пред титулата во ЛШ, Раул е генијалец
Тоскиќ: Жалам што заминав од Вардар пред титулата во ЛШ, Раул е генијалец

Тоскиќ: Жалам што заминав од Вардар пред титулата во ЛШ, Раул е генијалец

Доста играчи на Вардар оставија белег во изминатата пола деценија, дел од нив имаа одлични партии, но немаа среќа да бидат дел од шампионските 2017 и 2019 година. Еден таков пример е и Алем Тоскиќ, пикерот кој во Скопје настапуваше од 2013 до 2016 година кој замина сезоната пред да ја покориме Европа. За својата епизода во црвено-црниот тим за „Балкан-хендбал„ Тоскиќ вели:

-Кога размислувам, дефинитивно дека жалам што си заминав непосредно пред првиот европски триумф, но кој знае зошто е тоа добро. Сите знаеме за ракометот и кариерата, но постои и друга страна на медалот, поради што морав да си заминам во Словенија од семејни причини. Жал ми е за тоа, бидејќи три сезони бевме на гол-два до пласман наФ-4 и кога конечно ја надминавме таа бариера, кај не бев во составот. Но, дури 90-отсто и играчите кои дојдоа до златото играа со мене, а главен ‘виновник’ за тоа дефинитивно е тренерот Раул, кој го направи резултатот. Сите се сомневаа во нога кога доаѓаше во Вардар, но покажа дека може сѐ да оствари. Ја освои Лигата на шампионите и сите ракометари напредуваа под негова команда.