Ракометниот Европски Шампион и официјално на својата страна потврди две нови засилувања.
Се работи за средниот бек, Анте Гаџа со кој е потпишан договор на две сезони, додека десниот бек, Јосип Векиќ ќе остане во клубот до 2024 година.
Вардар донесе уште седум нови играчи, а радува фактот што официјалната страна на клубот се разработи, па во наредниов период очекуваме и претставување на останатите засилувања. На 18. јули е закажан првиот собир на вардарци.