-Кога размислувам, дефинитивно дека жалам што си заминав непосредно пред првиот европски триумф, но кој знае зошто е тоа добро. Сите знаеме за ракометот и кариерата, но постои и друга страна на медалот, поради што морав да си заминам во Словенија од семејни причини. Жал ми е за тоа, бидејќи три сезони бевме на гол-два до пласман наФ-4 и кога конечно ја надминавме таа бариера, кај не бев во составот. Но, дури 90-отсто и играчите кои дојдоа до златото играа со мене, а главен ‘виновник’ за тоа дефинитивно е тренерот Раул, кој го направи резултатот. Сите се сомневаа во нога кога доаѓаше во Вардар, но покажа дека може сѐ да оствари. Ја освои Лигата на шампионите и сите ракометари напредуваа под негова команда.