Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарци собираат понуди, наскоро следуваат трансфери
Вардарци собираат понуди, наскоро следуваат трансфери

Вардарци собираат понуди, наскоро следуваат трансфери

Откако сеуште не е решена судбината на ФК Вардар, а веќе наближува и месец август, фудбалерите на ,,црвено – црните” собираат понуди од респектабилни тимови, па така во многу скоро време следуваат и трансфери.

Жуниор, еден од најдобрите играчи на Вардарци изминатава сезона е веќе практично нов играч на Зорја. Новак останува во Украина, само неговиот нов клуб сеуште не е познат. Исто така и за Мицевски има интерес од оваа земја. Матеј Цветаноски исто така е пред сериозен трансфер. За неговите услуги се заинтересирани неколку екипи од странство.

Брдаровски и Тошевски гледаат кон Чаир, а се очекува и добар трансфер да направат младите Али Адем и Марио Младеновски. Ибиши е блиску до Локомотива Загреб…

Ова се сериозни тимови кои имаат за цел да ги добијат услугите на нашите играчи. Останува да видиме во текот на наредната недела што ќе се случи и кои се ќе направи трансфер.