Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Кугларскиот четврти 8.септемвриски меѓународен турнир на Вардар со мали изгледи да се реализира
Кугларскиот  четврти 8.септемвриски меѓународен турнир на Вардар со мали изгледи да се реализира

Кугларскиот четврти 8.септемвриски меѓународен турнир на Вардар со мали изгледи да се реализира

На нешто повеќе од месец до начелно закажаниот четврти меѓународен кугларски турнир организиран од Кугларскиот клуб Вардар висат голем број на „прашалници“ за негово реализирање. Ситуацијата со пандемијата од Ковид-19 очигледно ќе му „пресудат“ на истиот.

Вардар изминатите три години правеше спектакуларен кугларски настан, успеваше да ги собери најдобрите клубови од ЕХ Ју просторите на едно место. Шампионите на земјите, Куп прваците и екипи кои освојуваа европски пехари беа дел од овој турнир кој беше организиран по повод „8.септември“ денот на самостојноста на Република Македонија. Голема и комплексна организација стоеше за истиот, ваквиот турнир доби признанија  за успешност од сите учесници.

Ситуацијата со гранците и проблемите за патување поради разните администативни забрани се голем товар за да се организира и да пристигнат екипите од Србија, Словенија, Бих и Хрватска. Покрај ова Министерството за здравство и комисијата за заразни заболувања немаа соодветен протокол за мечеви во затворен простор. Останува времето пред нас да покаже дали ќе може нешто да се смени и да се подготви, но пречките се преголеми, времето изминува.