Генерацијата 2004 на ракометниот клуб Вардар и во новата натпреварувачка сезона ќе биде предводена од Зоран Петковски-Зенга.
Предвидено е екипата да се натпреварува во пионерската и младинската ракометна лига, а првиот собир вардарци треба да го имаат во периодот од 5-8.август.
Засега нема нови имиња во редовите на оваа генерација, задржани се сите играчи кои беа дел од тимот и во минатата сезона, која за жал не го дочека својот крај.
Во екипата се враќаат и Никола Анакиевски и Виктор Трифуновски, кои во пролетниот дел од минатата сезона беа прекомандувани во вториот тим на Вардар. Со Вардар Јуниор одржаа неколку тренинзи и контролни мечеви, додека немаа официјален настап, со оглед дека Супер лигата не продолжи.