Најтрофејниот клуб во земјава, ФК Вардар, е оптеретен со дузина проблеми и има непредвидлива иднина. Сепак без разлика на се подготовките за новата сезона која започнува на 9.август мора да се започнат.
Александар Васовски денес во 18-00 часот ќе ја има првата прозивка, тимот е десеткуван, има обиди да се пополнат големиот број на испразнети места. Последната информација од медиумите во соседна Албанија вели дека Тошевски ќе ја продолжи кариерата во ФК Тирана.