Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Младинската школа на ФК Вардар од денес стартува со тренинзи, познати тренерите на сите генерации
Младинската школа на ФК Вардар од денес стартува со тренинзи, познати тренерите на сите генерации

Младинската школа на ФК Вардар од денес стартува со тренинзи, познати тренерите на сите генерации

Денес со тренинзи започнува и Академијата на фудбалскиот клуб Вардар. После долга пауза, конечно, младите надежи на Вардар се враќаат на терените. Денес, сите генерации на Вардар ќе го имаат својот прв собир.

Познати се и тренерите кои ќе ги предводат вардаровите генерации во новата натпреварувачка сезона. Изминатата сезона која не го дочека својот крај беше последна натпреварувачка за генерацијата 2001, што се однесува за настапите во младинската лига. Сите тренери кои беа дел од младинската школа, остануваат во клубот, со исклучок само на Филип Спасески, кој се реши тренерската кариера да ја  продолжи во Македонија Ѓ.П.

Вака изгледаат генерациите на ФК Вардар:

Генерација 2002 ( младинци) – Филип Ивановски

Генерација 2003 ( кадети) – Филип Ивановски

Генерација 2004 ( пионери) – Сашо Тодоровски

Генерација 2005 ( помлади пионери) – Драган Стефановски-Гаге

Генерација 2006 ( повозрасни петлиња) – Милан Коцески

Генерација 2007 ( помлади петлиња) – Горан Петрески

Генерација 2008 ( петлиња) – Петар Ѓоргиевски

Генерација 2009 ( петлиња) – Зоран Петковски

Генерација 2010 ( петлиња) – Игор Кралевски

Генерација 2011 и генерација 2012 ( петлиња) – Боби Андоновски

Тренери на голмани во младинската школа остануваат: Мане Манев и Бојан Димковски. Нема промени што се однесува и до позициите координатор и директор во Академијата, на овие функции и понатаму ќе бидат, Сашо Милошевски и Ѓорѓи Христов.

Инаку фудбалскиот клуб Вардар, врши и уписи на нови членови во школата, за дечиња родени 2012, 2013 и 2014 година.