Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Со голем број на поединечни признанија, Стефан Тасев се одјави од Вардар, во новата сезона ќе биде дел од Македонија Ѓ.П
Со голем број на поединечни признанија, Стефан Тасев се одјави од Вардар, во новата сезона ќе биде дел од Македонија Ѓ.П

Со голем број на поединечни признанија, Стефан Тасев се одјави од Вардар, во новата сезона ќе биде дел од Македонија Ѓ.П

Младиот голман на Вардар, Стефан Тасев, во новата натпреварувачка сезона ќе го брани голот на Македонија Ѓ.П.

Тасев беше голем талент на Вардар, клуб, за кој настапуваше од 2014 година. Во изминативе шест години успеа да освои голем број на поединечни награди, за најдобар голман, како во домашни, така и во меѓународни рамки. Во 2017 година со генерацијата 2004 стана Шампион на Македонија, а Тасев беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир кој е во организација на ФФМ.

vardarfans-golman-tasev3-573x330

Меѓу поголемите признанија за најдобар голман, се оние од турните во Благоевград ( тука Тасев, две години по ред беше прогласуван за најдобар чувар на мрежата), потоа турнирот во Сандански ( Бугарија), „Евима Куп Банско 2016“, „Фер Плеј Куп“ ( Охрид) и други.

Инаку Тасев во Вардар дојде од екипата на Работнички, а изминатава сезона која не финишираше го бранеше голот на помладите пионери ( генерација 2004). Претходно помина две години во Академијата на ФФМ, а е стандарден голман во Македонската репрезентација до 16 години.

Нашиот медиум кој континуирано ги следи младите надежи на Вардар, имаше чест да соработува со овој голман, на кој му посакуваме среќа во понатамошната кариера.