Денес во Скопје на 84.години рано наутро овој свет го напушти и се пресели во вечноста, г-н Бојан Рангелов. Најзачајното име во историјата на црвено-црниот борачки колектив, Вардар.
Бојан Рангелов е синоним за Вардар во борењето, бидејќи тој е од првите денови на формирањето на клубот во 1960 година, па се до денес. Рангелов е добитник на државната награда „8 Септември“ за животно дело во спортот, која во 2014 година официјално му беше врачена во Владата на Република Македонија од директорот на Агенцијата за млади и спорт на РМ. Тој беше награден за заслугите за развојот на спортот во нашата земја, како темел патоказ и за сите идни генерации.
Погребот е утре во 11:30 часот на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.