Во сабота и официјално започнува новата сезона во ПМФЛ и одбраната на титулата на ФК Вардар. Првиот официјален дуел во новата сезона за Вардарци ќе биде на Градски и тоа против тимот на Борец.
Во овој момент ФК Вардар создава сеуште тим за новата сезона иако до неа има уште два дена. Васоски останува тренер, а шампионот засега изгледа добро со пет нови имиња и со неколку првотимци од минатата сезона. Плус се очекуваат уште две нови имиња во скоро време.
Како изгледа тимот на ФК Вардар во овој момент:
ГОЛМАНИ: Филип Илиќ (23), Матеј Андов (18), Лука Стојковски (17)
ОДБРАНА: Филип Најдовски (27) , Виктор Велкоски (24), Стефан Наумчески (19), Мартин Величковиќ (18), Филип Манасиевски (19), Александар Ѓурковски (18), Виктор Крстевски (18), Анатолиј Петејчук (17)
СРЕДЕН РЕД: Бојан Најденов (28), Дарко Мицевски (28), Фитор Реџепи (20), Пепи Гугуљанов (17), Давид Велковски (19), Филип Андоновски (18), Дамјан Трајановски (18), Стефан Лазаревиќ (23)
НАПАД: Дејан Блажевски (34), Филип Петковски (30), Георг Стојановски (16), Јован Попзлатанов (24), Бојан Колевски (20), Матеј Цветаноски (22)