Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Борење! Почина Рангелов, „таткото“ на БК Вардар, основачот и прв тренер на борачкиот тим
Борење! Почина Рангелов, „таткото“ на БК Вардар, основачот и прв тренер на борачкиот тим

Борење! Почина Рангелов, „таткото“ на БК Вардар, основачот и прв тренер на борачкиот тим

Денес во Скопје на 84.години рано наутро овој свет го напушти и се пресели во вечноста, г-н Бојан Рангелов. Најзачајното име во историјата на црвено-црниот борачки колектив, Вардар.

deda3 deda

Бојан Рангелов е синоним за Вардар во борењето, бидејќи тој е од првите денови на формирањето на клубот во 1960 година, па се до денес. Рангелов е добитник на државната награда „8 Септември“ за животно дело во спортот, која во 2014 година официјално му беше врачена во Владата на Република Македонија од директорот на Агенцијата за млади и спорт на РМ. Тој беше награден за заслугите за развојот на спортот во нашата земја, како темел патоказ и за сите идни генерации.

deda4

117318147_296510581687188_3808357807788905920_n

Погребот е утре во 11:30 часот на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.