После подолга пауза, со тренинзи стартуваше и младинската школа на ФК Вардар. Вчера на теренот на Академијата својот тренинг го одработи генерацијата 2008. И во новата сезона нивен предводник останува Петар Ѓоргиевски, кој се уште не може да смета на комплетниот состав, но од следната недела се очекува на тренинзите да бидат сите играчи кои се дел од оваа генерација.
Погледнете ја фотогалеријата на Вардар Фанс, од вчерашниот тренинг на генерацијата 2008.